Од 1923 година, кога се воведени хидролошките набљудувања на протоците на реката Вардар, забележани се 4 големи поплави.
– декември 1935 година – проток на вода 1.056 м3/сек., бил поплавен мал дел од околината на градот
– декември 1937 година – проток на вода 1.080 м3/сек., биле поплавени низводните делови, а градот бил заштитен со насипи
– ноември 1962 година – проток на вода 1.310 м3/сек., бил поплавен понискиот дел од градот, вкупно 6.751 ха
– ноември 1979 година – проток на реката Вардар 980 м3/сек. Со поплавата било опфатено подрачје од 7.550 ха, главно поради попуштање на насипот во Маџари
Само „Гоце Делчев“ и Kамениот мост се сигурни
Од поплави, според процената, се загрозени населбите Ѓорче Петров, Хром, центарот на градот, Долно Лисиче, Маџари, Хиподром, индустриската зона Гази Баба, с. Огњанци, с. ’Ржаничино и поголем дел од Скопско Поле.
Закана се и 134 регистрирани поројни текови, кои настануваат по обилни дождови на „Водњанска“, Маркова и Зелениковска Река, Ѓ. Петров, долниот тек на Лепенец, Скопска Црна Гора и долниот тек на Пчиња.
Само два моста во Скопје би издржале поплава, стои во процената. Тоа не значи дека другите би се урнале, но би биле непроодни.
– Со поплавата од 1979 година може да се констатира дека мостовите „Гоце Делчев“ и Kамениот мост имаат доволна висина над пропишаната скала, а на пешачкиот мост кај Kале водата ќе минува над мостот, а кај преостанатите мостови водата ќе се доближи до долниот раб на мостовата конструкција.