Васил Тупурковски куртули по 3 пат – доби ослободителна пресуда


Кривичниот суд во Скопје по трет пат донесе ослободителна пресуда за Васил Тупурковски и Јован Андонов за тајванските кредити.

vasil-tupurkovskiСега се чека одлуката на Апелацискиот суд, кој досега двапати го враќаше случајот.

Првата пресуда против него беше 3 години затвор за злоупотреба на 2,4 милиони евра од тајванските кредити што ги доделуваше Агенцијата за обнова и развој на чие чело беше Тупурковски. Поради пропусти во судскиот процес, Апелација ја врати на повторно судење, по што Кривичниот суд му изрече ослободителна пресуда.

По жалба на обвинителството Апелација оцени дека има нејаснотии во пресудата и судењето повторно се врати во Основниот суд 1, по што Тупурковски повторно е ослободен од обвинение.

Судскиот процес против нив трае седум години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1