Важно! Светски познат кардиохирург проговори – со години не лажат што точно предизвикува срцеви болести


Од 2010 година на блогот тврди дека стравот од маснотиите и холестеролот е голем неоснован мит и заблуда и дека кампањата против холестеролот е најголемата измама на 20 век. Еве што вели д-р Dwight Lundell:

Dwight-Lundell1Ние лекарите со целото наше образование, пракса, знаење и авторитет, често поседуваме значително его, заради кое многу тешко признаваме дека сме во грешка.

Значи, еве: отворено признавам дека бев во грешка. Како кардиохирург со 25 години работно искуство, откако извршив 5000 операции на отворено срце, дошло време да се поправи она што е погрешно со медицинските и научните факти.

Долги години работев со други истакнати лекари, т.н. opinion maker – креаторите на јавното мислење. Бомбардирани со научна литература, постојано посетувајќи образовни семинари, ние креаторите на јавното мислење, инсистиравме на тврдењето дека срцевите заболувања настануваат заради повисокото ниво на холестерол во крвта.

Единствената прифатена терапија беше препишување на лекови за намалување на холестеролот и диета со многу ограничен внес на маснотии. Тоа природно би го намалило само по себе нивото на холестеролот и срцевите заболувања. Отстапувањата од овие препораки се сметаат за ерес и злоупотреба.

Но, ова не функционира!

Овие препораки не можат веќе ниту научно, а ниту морално да се оправдаат. Откритието од пред неколку години, дека вистинската причина за срцевите заболувања, воспалението на артериите, полека доведува до промена на парадигмата во начинот на лекувањето на болестите на срцето и другите хронични заболувања.

Едноставно речено, без воспалителниот процес присутен во телото, не постои начин холестеролот да се надгради во ѕидовите на крвните садови и да предизвика срцеви заболувања и мозочен удар. Без воспалителен процес, холестеролот слободно би циркулирал низ телото онака како природата тоа го одредила. Воспалението е она кое предизвикува холестеролот да остане заробен во крвните садови.

heart-attack-9_0Воспалението не е ништо комплицирано. Тоа е едноставно природната одбрана на телото против напаѓачите, како што се бактериите, вирусите или токсините. Циклусот (процес) на инфекцијата е совршен начин како се штити нашето тело од овие бактериски и вирусни напаѓачи. Меѓутоа, ако хронично го изложуваме телото на повредите од токсините или од храната за која нашето тело не е создадено да ја преработува, како резултат на состојбата настанува хроничното воспаление. Хроничното воспаление (инфламација) е исто толку штетно, колку што е акутното (моменталната) воспаление корисно.

Кој човек доброволно би сакал да се изложува на храна или други супстанции за кои се знае дека предизвикуваат повреди во телото? Па, пушачите можеби, но барем тие го прават тоа намерно и свесно.

Ние останатите едноставно само ја следиме службено препорачаната исхрана која е со ниско ниво на заситени масти, но богата со повеќекратно незаситени масти и јаглехидрати, без да знаеме дека со тоа ги предизвикуваме повторените повреди на нашите крвни садови. Овие повторени повреди предизвикуваат хронично воспаление кое води до срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и дебелина.

Дозволете ми да повторам: повредите и воспалението во нашите крвни садови е предизвикано со исхрана со многу малку масти, која се препорачува од водечките медицински кругови.

Кои се најголемите виновници за хроничните воспаленија? Мошне едноставно, тоа е прекумерната употреба на високо преработените јаглехидрати (шеќер, брашно и сите производи направени од нив), како и прекумерната употреба на растителните масла богати со омега 6, како што се сојино, пченкарно и сончогледово масло, кои се наоѓаат во голем број индустриски производи.

Dwight-Lundell-660x370Погледнав во внатрешноста на илјадници и илјадници артерии. Заболените артерии изгледаат како некој да ја зеде четката и да струга по нивните ѕидови. Неколку пати на ден, секој ден, храната што ја јадеме создава мали повреди, кои се претвораат во сериозна повреда и предизвикуваат телото постојано да одговара со воспалителен процес.

Додека уживаме во вкусот на слаткото пециво, нашето тело алармантно одговара како што некој напаѓач објавува војна. Храната преполна со шеќер и јаглехидрати, обработена со омега 6 маснотиите заради подолг рок на траење, го претставува столбот на американската исхрана за најмалку шест децении. Ваквата храна полека ги труе сите.

Како јадењето на обични бисквити може да создаде каскада од воспалителните процеси кои нѐ прават болни?

Кога консумираме јаглехидрати, крвниот шеќер рапидно расте. Како одговор на тоа, панкреасот лачи инсулин, чија примарна цел е да го избрка шеќерот во клетките каде што се зачувува за енергија. Но, ако клетката е полна и не ѝ треба гликоза (шеќер), го отфрла овој екстра шеќер. Тогаш шеќерот во крвта се зголемува и произведува повеќе инсулин кој гликозата (шеќер) го претвора во масти.

srceКаква врска има ова со воспалението? Шеќерот во крвта има многу прецизна контрола. Вишокот на молекулите на шеќерот се врзуваат за различни протеини кои ги оштетуваат ѕидовите на крвните садови. Ова повторено оштетување на ѕидовите на крвните садови ќе го почне воспалителниот процес. Кога го пумпате крвниот шеќер до високо ниво неколку пати на ден, тоа е како да сте зеле шмиргла и со неа да ја брусите внатрешната страна на чувствителните крвни садови.

Иако не можете да го видите ова, бидете сигурни дека тоа е така. Сум го видел ова во повеќе од 5.000 пациенти во текот на 25 години, на кои на сите им било заедничко воспалението на артериите.

Да се вратиме на слаткото пециво. Ова слатко со невин изглед не само што содржи шеќер, тоа се пече во едно од многуте омега-6 масла, како што е маслото од соја. Чипсот и помфритот се натопени во соја масло, сите индустриски производи содржат омега 6 масла за зголемена трајност. Иако омега-6 мастите се есенцијални, дел се од секоја клеточна мембрана и го контролираат она што се случува во и надвор од клетката. Тие мора да бидат во точниот сооднос со омега-3 масти.

Ако овој однос е нарушен со прекумерното внесување на омега-6, клеточните мембрани произведуваат хемиски соединенија цитокини кои директно предизвикуваат воспаление.

srcev-udar infarktДенешната американска исхрана произведува екстремна нерамнотежа помеѓу овие две масти. Односот помеѓу омега, омега-6 и омега-3 се движи од 15:1 па до 30:1, што доведува до огромна количина на цитокини кои предизвикуваат воспаленија. Во денешни услови, соодносот од 3:1 е оптимален за здравјето.

Процесот започнат со слатко пециво во устата се претвора во маѓепсан круг, кој со текот на времето води до срцевите заболувања, дијабетесот и конечно до Алцхајмеровата болест, кога воспалителниот процес продолжува со несмалено темпо во недоглед.

Не можеме да избегаме од фактот дека колку повеќе индустриски преработена храна консумираме, толку повеќе поттикнуваме создавање на воспаление, од ден на ден. Човечкото тело не може да ги преработи, ниту пак е дизајниран да консумира храна полна со шеќери и натопена со омега 6 масла.

Има само еден начин за борба против овие воспалителни состојби, а тоа е враќање кон храната во својот изворен облик. За изградба на мускулите, јадете повеќе протеини. Изберете јаглехидрати во форма на зеленчук и овошје. Намалете или целосно исфрлете ги воспалителните омега-6 масла, како што се соја, сончоглед и пченкарното масло и храна која ги содржи. Со исфрлање на воспалителна храна и конзумација на основните хранливи материи од свежата непреработена храна, ќе ја поправите штетата што со години сте ја предизвикувале во своите артерии и низ телото со конзумирање типично американска исхрана.

Една лажица пченкарно масло содржи 7280 мг на омега-6, една лажичка сојино масло содржи 6,940 мг. Наместо тоа, користете маслиново масло или путер од животни кои пасат.

Dwight-Lundell2-300x168Научните докази дека заситените масти предизвикуваат срцева болест не постои.

Д-р Двајт Лундел е поранешен шеф и главен хирург во Banner Heart болницата во Меса, Аризона. Тој имаше приватна пракса, Cardiac Care Center, исто така, во Меса, Аризона. Неодамна, д-р Лундел ја остави хирургијата за да се посвети на нутриционистичкото лекување на болестите на срцето. Основач е на Healthy Humans фондацијата која го промовира здравјето на човекот, со фокус на големите компании да им се помогне во промовирањето на здравјето. Тој е исто така автор на книгите The Cure for Heart Disease i The Great Cholesterol Lie.

Текстот на англиски јазик е World Renown Heart Surgeon Speaks Out On What Really Causes Heart Disease

Извор – Kukuriku.mk 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1