Мајка на две деца, која британските медиуми ја нарекоа Џули, за да го заштитат нејзиниот вистински идентитет, примила во својот дом бегалец од Авганистан. И тој и Социјалната служба и кажале дека има 12 години, иако и изгледал постар. Во почетокот бил пристоен и срамежлив, но брзо станал агресивен и почнал да им се заканува дека ќе ги убие, и Џули и нејзиното семејство.
Таа го пријавила во полиција и тој е уапсен, а при гостувањето во една телевизиска емисија ги повикала властите потемелно да ги истражат лицата кои влегуваат во Британија како бегалци.
Кога се решила да помогне на едно од тие деца, Социјалната служба и го доделила Абдул, кој кажал дека има 12 години.
– Kога влегов во обата ништо не ми беше јасно. Момчето изгледаше како да има најмалку 19 години. Беше многу тивок и преплашен. Обично не вдомувам тинејџери, туку млади деца, но него навистина му требаше дом. Кога подоцна бевме на стоматолог поради контрола, забарот ми рече дека по негова проценка момчето има меѓу 18 и 21 година. Му го кажав тоа на Социјалната служба. Бидејќи тој тврдеше дека има 12 години, а забарот 21, го запишаа дека има 16 години.
Таа вели дека на почетокот се било во ред, но подоцна тој се променил.
– Почна со заканите кога му отворив профил на „Фејсбук“. Се надевав дека така полесно ќе ја најде неговата фамилија. Откако доби неколку телефонски разговори, стана многу агресивен и почнав да се плашам да останувам насамо со него. Почна вербално да ме напаѓа, а кога еден член од моето семејство застана меѓу нас, Абдул почна да го удира. Полицијата го уапси, но пред тоа Абдул ми рече дека знае каде живеам и дека ќе не убие. Толку се плашам – рекла Џули.
Подоцна дознала дека Абдул на интернет пребарувал екстремистички страници и дека претходно бил уапсен во Белгија, пренесува „Дејли мејл“.