Вечер: Двојното убиство во Грчец е заради пејачката Аделина Тахири?


Неофицијално, причина за ликвидацијата била расправијата меѓу Нуиши и Љатифи за пејачката Аделина Тахири. Расправијата датирала од порано, а пред неколку дена тие повторно влетале во конфликт кој довел до завчерашниот масакр, пишува Вечер

Две момчиња од Грчец завчера вечер се ладнокрвно ликвидирани, а нивни пријател се спасил за влакно откако во нив од непосредна близина пукал соселанец поради расправија за позната пејачка. Осомничениот за ликвидација е осуден дилер на дрога кој е во бегство од јуни, а по кој случајно или намерно никогаш не била распашана потерница или пак било известено МВР.policija mk koli

Инцидентот се случил околу 23 часот на влезот во Грчец, на паркинг во близина на продавница. Таму, во џип “мерцедес” биле Небуш Нуиши, внук на криминалецот Арслан Нуиши и неговите пријатели Мутерзани Неќани и Ајрула Мумин.

Во еден момент до нив застанал автомобил во кој бил убиецот Љатифи Зекирија викан Зеко, исто така, од Грчец. Според информациите со кои располага “Вечер”, во возилото бил и неговиот брат Абрудаман викан Мони, а полицијата се сомнева дека имало и трет човек на задното седиште.

Зекирија излегол од автомобилот, држејќи “клашников” во рацете, се доближил до џипот и од непосредна близина почнал да пука во трите момчиња. Нуиши бил убиен на самото место, во џипот, додека Неќани починал на пат кон болница. Мумин успеал да се спаси, бидејќи бил изрешетан во нозете.Убиецот потоа влегол во својот автомобил и побегнал.

Соселаните, сведоци на ликвидацијата, веднаш повикале полиција и Итна помош и се обиделе да им помогнат на изрешетаните момчиња. Тие велат дека глетката била страшна и дека буквално фалеле делови од нивните тела кои ги откинале куршумите испукани од автоматската пушка од непосредна близина.

Неофицијално, причина за ликвидацијата била расправијата меѓу Нуиши и Љатифи за пејачката Аделина Тахири. Расправијата датирала од порано, а пред неколку дена тие повторно влетале во конфликт кој довел до завчерашниот масакр.

Повеќе прочитајте на ВЕЧЕР

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1