ВЕЧЕРВА ИЗВРШЕН ОДБОР: СДСМ одлучува за бојкотот на Собранието


Дали пратениците на СДСМ ќе ги вратат мандатите ќе се одлучува попладнево, на седница на Извршниот одбор на партијата, најавена за 18 часот. Одлуката утре треба да ја потврди и Централниот одбор, по што СДСМ ќе излезе со конечен став за тоа што ќе прави понатаму откако лидерот Зоран Заев објави дека не ги признава изборите, пишува Телеграф.мк

sdsm640nasaСпоред партиски извори, доминантно е расположението за бојкот на Собранието. Се очекува оваа опција Заев да им ја предложи на членовите на Извршниот одбор. Аргумент што ја поткрепува опцијата да се оди докрај е дека ако пратениците ги прифатат мандатите, тоа ќе значи и дека ги признаваат изборите.

Но, и во врвот на партијата и меѓу членството има и поборници на варијантата да не се избрзува со бојкот, да се разгледаат и други опции, да се направи стратегија што понатаму.

За евентуален бојкот на Собранието се согласиле и коалициските партнери. Според партиски извори, Заев денеска се сретнал со Тито Петковски од НСДП и со Андреј Жерновски од ЛДП, кои го поддржале во намерата.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1