Можни нови избори за 34 пратеници – ако СДСМ ги врати мандатите


Во Собранието треба да има 123 пратеника, и универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски се сложува дека во ваков случај, парламентот може да се конституира и без пратениците на СДСМ.

sobranie_RM-Постапката на конституирање на Собранието на РМ не е доведена во прашање, бидејќи согласно член 10, став 3 од Деловникот на Собранието на РМ, Собранието може да се конститутира ако на седницата присуствуваат мнозинство на избраните пратеници.

Откако ќе се конституира Собранието на РМ, може нормално да продолжи со работа, но и со останатите дејствија, како што се давањето свечена изјава на претседателот на Републиката пред пратениците, неговото доделување на мандатот за состав на нова Влада на мандатарот, изборот на нова Влада на РМ и слично.

„Собранието ќе продолжи да си работи, а можни се дополнителни избори само за 34 пратеници“, вели Фрчкоски во изјава за Плусинфо.

Тој додава дека барањето за техничка влада од страна на СДСМ е неостварливо затоа што тоа нема да го прифати ВМРО-ДПМНЕ.

„За техничка влада треба да постигнат договор сите партии и тие да учествуваат со свои експерти во нејзиното формирање. Потоа, во рок од 6 до 12 месеци би требало да се распишат нови избори, но тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати“, тврди Фрчкоски.

Освоените пратенички мандати, поединечно треба да се верификуваат во ДИК. Според членот 153 од Изборниот законик, ако на пратеник кој е избран од листата на кандидати му престане мандатот според еден од основите утврдени во член 152 од овој закон, тогаш за остатокот од мандатот, пратеник во Собранието станува наредниот кандидат од листата. Во случај кога е исцрпена листата на кандидати, остварувањето на ова право почнува повторно од почетокот на истата листа на кандидати.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1