Вечерва на полноќ замислете си желба – се отвара небото на Богојавленската ноќ


Според преданието, во Богојавленската ноќ се отвора небото и се верува дека секоја желба може да се исполни. Точно на полноќ треба да се погледне во него и да се замисли желба, која каква и да е мора да биде јасна.

God_profileДенеска е зимскиот Крстовден, ден кој се слави во пресрет на Богојавление и е прв ден по Божиќ кога православните верници постат.

Богојавление е празник востановен во спомен на Христовото крштевање во реката Јордан. Кога наполнил 30 години, Исус дошол на реката Јордан за да го крсти Јован Крстител, кој ги подготвувал луѓето за доаѓањето на Месијата и ги крштевал оние кои се покајале на брегот на Јордан.

При крштевањето на Исус Бог се јавил три пати. Тој момент претставува објавување на Богочовекот и воведување на Христос во месијанската мисија.

godhands.jpg

Овој настан се слави како Богојавление. На овој ден во сите храмови се осветува вода, која народот потоа ја зема во својот дом.

Се верува дека водата има лековита моќ и затоа секогаш се држи во куќата покрај икона како спасителски лек. Само на денот Богојавление со оваа вода може да се попрска секое ќоше од куќата.

На Богојавление домаќинките обично спремаат пивтии, бидејќи се смета дека токму на Богојавление им е местото на трпезата.

Како и за многу празници, и за овој се врзани многу верувања околу временската прогноза.

Се верува ако дува северен ветер, ќе биде здрава година, а ако дува јужен, годината ќе биде со болести.

Родната година ќе биде ако биде облачно и ако паѓа снег тој ден, а ведрото време , претскажува убаво и сушно лето.

Извор: Лидер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1