Денес ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време.
Во попладневните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, кои во вечерните и ноќните часово ќе бидат обилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието и источните делови умерен ветер од југоисточен правец.
Пообилни врнежи ќе има и в понеделник попладне и во текот на ноќта кон вторник, кога на места ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Се очекува да наврнат над 50л/м2 воден талог. Потоа и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд, но со послаб интензитет.