Вечерва промена на времето: Следува дожд и грмежи- ова се препораките


Од ноќеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на серија од влажни бранови од запад, поради што ќе настапи значителна промена на времето.brza pomos grom

Денес во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, по некаде со ретки грмежи, претежно во западните и северните делови.

Утре и во среда ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи.

Поголеми количини воден талог ќе има во западните и јужните делови од земјава, каде се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен.

Повремено ќе дува умерен до засдилен ветер, претежно од северне правец. Температурата значително ќе опадне и во среда ќе биде најниска, во интервал од 16 до 22 степени, информираат синоптичарите.

Во случај на појава на електрични празнења, синоптиќарите препорачуваат поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така препорачуваат и да се превземат соодветни активности за заштита од поплави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1