По „Клара“ ни доаѓа и „Лука“. Од вечерва, делови од Македонија ќе бидат зафатени од новиот циклон кој синоќа ја погоди и Хрватска.
Според Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија ќе паѓа дожд и град со засилен ветер пред се во северните и северозападните делови на Македонија.
Од Управата за Алфа велат дека стабилно време очекуваат во вторник. Според сегашните податоци сепак повторно се очекува невреме од среда.
Пред само неколку дена земјава беше под влијание на циклонот „Клара“. Како и во другите земји низ кои помина, направи штети во повеќе градови низ Македонија.