Вечерва во Владата средба Заев – Мицкоски


Спроведувањето на фер и демократски избори за претседател на државата, законите од реформската агенда и останати прашања кои се од интерес на државата ќе бидат во фокусот на средбата.

Се очекува опозицискиот лидер на маса да стави неколку барања.

Во пресрет на средбата премиерот Заев не ги коментираше изнесените барања од опозицијата. За него клучно е да се воспостави дијалог со опозицијата со цел да се заокружу процесот на прием на земјава во НАТО и спроведување на изборите за шеф на државата како еден од условите за добивање датум за преговори со Европската Унија.

Средбата ја иницираше ВМРО ДПМНЕ откако Владата ги усвои законските измени со кои Специјалното јавно обвинителство треба да се спои со редовното јавно обвинителство и да стане постојан дел од правосудниот систем. За усвојување на измените во Собранието е неопходно двотретинско мнозинство кое може да биде обезбедено доколку за нив гласаат и пратениците од опозицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1