Денеска, недела (22 март) во 21 часот Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија ќе ја следат втората сезона на шоуто Х фактор.
Шоуто ќе го водат Антонија Блаче, Снеже Велков и Александар Радојчиќ. А пејачите ќе ги оценува жири составено од Александра Ковач, Жељко Јоксимовиќ, Масимо Савиќ и Тончи Хуљиќ.
Во првата сезона благодарение на победата на Даниел Кајмакоски, Македонија влегува како победник и земја од каде доаѓаат вистински таленти. Дали ќе се повтори успехот на македонските кандидати оваа година останува да видиме.