Веднаш исклучете ја ЈАВА хакерите напаѓаат – препорача американската Влада


Одделението за национална безбедност во САД смета дека Јава претставува огромен безбедносен ризик. Се препорачува на сите корисници да го исклучи јава додатокот на пребарувачите и тоа веднаш, и целосно да го исчисти од компјутерите.

javaХакерите успеале да пронајдат слабости во софтверот и преку него да ги хакираат корисниците.  Според експертите за безбедност, пропустот на Java овозможува и криминални активности со крадење информации од кредитни картички но и крадење на идентитет.

Од Oracle најавија дека ќе направат поправка за Java со која би требало да закрпат 86 безбедносни дупки и тие им препорачаа на сите корисници да ја инсталираат новата верзија на Java, а старата да ја унинсталираат. Инаку Java се користи на повеќе од милијарда компјутери ширум светот.

Oracle Corp. ја купи Java како дел од $7.3 милиони вредната зделка од изумителот на софтверот Sun Microsystems, во 2010.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1