Компанијата AVG, која се занимава со заштита на уредите од вируси, објави листа на најлоши мобилни апликации по батеријата на смартфонот и севкупната работа, а Фејсбук апликацијата е прогласена за дефинитивно најлоша.
AVG откри дека мобилната апликација на Фејсбук влијае негативно на работата на смартфоните и дека е трет најголем виновник за трошењето на батеријата и интернетот.
Меѓутоа, добрата работа е што не мора да користите апликација, како би уживале во се` она што Фејсбук го нуди.
Без никаков проблем можете да ги користите и функциите кои се достапни кога ќе се логирате на Фејсбук преку мобилен броусер.