“Веднаш откријте што бил мистериозниот товар на боингот што исчезна !”


Шефот на авиокомпанијата “Emirates”, Тим Кларк, смета дека има многу недостатоци во истрагата околу исчезнувањето на авионот “Boeing 777” на “Malaysia Airlines” на летот MH370 и вели дека мора да се пронајде решение околу трагедијата во која животот го загубиле 239 лица.malezija--boing

Кларк верува дека авионот бил под контрола се до самиот крај и ја доведува во прашање вистинитоста на таканареченото “Електрично сателитско ракување”, кое го користат аналитичарите за да го пронајдат местото на падот. Исто така, тој инсистира дека мора да се открие кој бил товарот на авионот, кој од манифестот го отстраниле малезиските власти.

“Авион со големина на MH370 едноставно не исчезнува без никаква трага, и да не се пронајде барем една перница во најмала рака е сомнително.  Сметам дека веројатно била преземена контролата над авионот. Тоа би можело да биде било кој. Ние треба да знаеме што имало во просторот за багаж во тој авион. MH370 никогаш не бил доведен во ситуација да не може да се следи”, истакнува Кларк.

Онеспособувањето на системот за следење не е воопшто лесна работа, вели Кларк и додава дека неговите пилоти не се обучени за тоа. Но, на MH370 тој систем бил на некој начин исклучен, до тој степен што следењето било во целост елиминирано.

Кларк не верува во сценариото со петчасовниот лет над Индискиот океан и снемувањето на гориво, односно зошто во таква ситуација пилотите би избрале дестинација оддалечена пет часа.

“Само велам дека сите факти за инцидентот мора да се разгледаат транспарентно. Секоја секунда од тој лет мора да се проучи до моментот кога завршил во Индискиот океан”, вели Кларк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1