Веќе 20 години плаче кристали, лекарите немаат објаснување (Видео)


На Лаура од Бразил и се создаваат бели наслаги во очите, кои после извесно време се кристализираат. Во еден ден умее да “исфрли“ и по 30!

Лаура Понце (35), учителка во градинка од Линса во Бразил, боледува од ретко нарушување и плаче “кристали“. Во очите и се создаваат бели дамки кои и се стврднуваат кога очите и треперат, па на крајот се претвораат во кристали. И така се собираат со недели, а нови се создаваат кога старите ќе успее да ги отстрани од очите.oko place kristali

еколку пати морала да замине на боледување. Еднаш во само еден ден лекарите и отстраниле 30 наслаги од окото.

„Кога ќе се стврднат наслагите чувствувам силна болка – изјавува Лаура. Додава дека наслагите во очите почнале да и се создаваат кога наполнила 15 години. Очите одеднаш почнале да се полнат со “непозната бела материја“. Веднаш ја повикала своја мајка Мариса. Се обидувала од натеченото око да и ја извади наслагата, која се зголемувала.

„Ја извадивме и потоа отидовме во болница. Лекарите не можеа да ми објаснат од што боледувам“ – додава Лаура.

Лекарите за неа се уште немаат пронајдено лек.

„Наслагите во очите му се создаваат на секои неколку месеци. Посетив бројни лекари и никој немаше одговор“ – изјави Лаура. Фрустрирана е што често не може да работи.

„Пред две години и шест месеци, секој ден од окото отстранував околу 30 мембрани“ – додава Лаура.

Лекарите признаваат дека ваков случај не постои во медицинската литература, но изјавуваат дека даваат се од себе за да и помогнат на оваа несреќна жена.

Засега единствен лек се посебни капки за очи кои малку ги ублажуваат теговите. 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1