За оваа фотографија до ден денес нема објаснување


Џим Темплтон во 1964 година купил фотоапарат во боја и решил да го искористи убавото време и со сопругата и ќерката да отиде на пикник.

Убавиот семеен момент посакал да го овековечи со својот нов апарат и и рекол на ќеркичката да застане и да позира. Се поминало совршено… до моментот кога Џим ги развил фотографиите.duh322

Џим Темплтон од Англија така станал творец на една од најпознатите фотографии на кои се гледаат паранормални активности.

Имено, зад неговата ќерка јасно се гледа силуета на човек во бело кој личи на астронаут. И Џим и неговата жена до крајот на животот тврделе дека на ливадата освен нив немало никој друг.

Фотографијата станала толку популарна, па експерти од компанијата Кодак морале да потврдат дека не дополнително менувана и дека не се работи за монтажа.

До денес, за неа никој нема објаснување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1