Веќе никој не гледа вести – турските серии пак прават „партал“


Најголема гледаност има  Сител. Централниот дневник на Сител е со рејтинг од 6,68 а најгледани се сериите на оваа телевизија – „Наследство на госпоѓицата“ со 14,82 и „Солзите на мојата ќерка“ со гледаност 12,68, пишува Либертас.

tvКанал 5 има уште понизок рејтинг.Вестите на оваа телевизија минатиот месец биле гледани 3,05 а најгледано била серијата „Пет сестри“ со рејтинг 4,69.

На државната МТВ централните вести се со екстремно низок рејтинг од 1.78, а најгледано на јавниот сервис минатиот месец бил фудбалски меч од супер купот со гледаност 2,87. Од националните телевизии убедливо најнегледана е тв Алфа.

Вестите во 19 се со рејтинг од 1.47 а најгледано било УЕФА евро лига со 2,44 и „Голи и смешни“ со 1,05. Тв Телма дневникот во јули има рејтинг од 1,87.

Ваквите рејтинзи за Македонија која важеше за држава во која многу од времето граганите поминуваат покрај тв екраните покажува дека тие полека ја напуштаат оваа пасија на информирање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1