Вељаноски: Ниските обиди да го оцрнат моето семејство ме прави уште порешителен


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски е револтиран од, како што вели, злоупотребата на приватноста на неговото семејство и на неговите деца, откако вчера беа објавени фотографии од неговата ќерка Ивана, која се фотографирала во костим за капење.

trajko veljanovski„Револтиран сум од обидот за злоупотреба на приватноста на моето семејство и на моите деца. Очигледно е дека задирањето во приватноста во овој сложен политички момент, воопшто не е случајно. Сепак, колку и да се обидуваат преку злоупотреба на приватноста да удрат по институциите, не само што тоа нема да ме поколеба, туку напротив, ме прави уште порешителен во остварувањето на интересите на граѓаните, почитувањето на Уставот и институциите и спроведувањето на редот и поредокот во нив. И покрај сè, непромисленото и недостоинствено постапување во некое идно време ќе биде причина за голем личен срам и каење на оние што посегнале кон злоупотреба на лични и фамилијарни сегменти на политичките неистомисленици“, пишува во реакцијата на претседателот на Собранието.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1