Ноќеска околу 03.30 часот на ул.„Алексо Демниевски“, Т.Т (33) од Велес изгубил контрола над патничко моторно возило “Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки и удрил во пешаците кои во тој момент ја преминувале улицата: К.К (19), Б.Д (18), Ф.К(18), сите од Велес, а потоа удрил иво потпорен ѕид од камења.
Со возило на Итна медицинска помош во Општа болница Велес пренесени се пешаците К.К и Ф.К каде им се констатирани тешки телесни повреди, препратени се во Клиничкиот Центар -Скопје и се наоѓаат во животна опасност.
Увид е извршен и се работи на целосно расчистување на случајот.