Дваесет и осумгодишен велешанец бил донесен синоќа во 19:15 часот во ЈЗУ Општа Болница – Велес, откако се затрул со испивање на половина литар „доместос“ и 50 грама „арф“, информираат од СВР Велес.
Како што информира портпаролот Верољуб Додевски по извршениот лекарски преглед било констатирано дека е во животна опасност и со возило на Брза помош бил однесен во Клинички центар – Скопје на натамошно лекување.