Велешанец усмртил пешак возејќи во рикверц


Пензионер загина во трагична сообраќајна несреќа кога во него удрило комби, со кое возачот се движел рикверц без да го забележи старецот. Сообраќајката се случила во саботата, на улицата Нада Бутникошарева во Велесsoobrakajkaa-500

Според полициските информации, возачот А.Б. (42) управувајќи комби „фиат дукато“ со велешки регистарски ознаки се движел рикверц кога во еден момент забележал дека удрил во пешак.

На самото место на несреќата загинал Богдан Ј.(83) од Велес. Веднаш била повикана екипа на Итната медицинска помош, но лекарите не можеле да му помогнат на пензионерот и само утврдиле дека тој е починат.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина – Скопје за обдукција. Полицијата презема мерки за утврдување кој е виновен за несреќата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1