Велиновска: Верушевски се заканувал преку Ризаов до Бранко, уцената успеала


Истиот овој Зоран Верушевски, кој кога медиумска ѕвезда беше син му Александар, реши да го спасува од затвор така што ќе ја уцени власта, односно државата со експлозивна тајна документација во неовластен посед, пишува новинарката Мирка Велиновска во колумната за Нова Македонија.

Велиновска во колумната открива дека тогашниот разузнавач, преку новинарот Ерол Ризаов се заканувал до тогашниот шеф на државата Бранко Црвенковски, а уцената успеала, синот на Верушевски излегол од затвор со интервенција на Црвенковски.mirka velinovska

-Верушевски со текст потпишан од Ерол Ризаов објави дека „ќе прозбори ако не го остават на мир неговото семејство“ и најнакрај со лаптоп подрака беше снимен како влегува во јавното обвинителство. Епилогот го знаете: Син му излезе од затвор со интервенција на Црвенковски како шеф на државата. Верушевски со семејството замина за Италија, а јавноста не разбра ништо за веродостојноста на бомбите. Јавниот обвинител тогашен не зуцна ништо. Немаме дури ни поим дали воопшто имаше случај, заведено дело или слично. Важно Верушевски по некоја година се врати во Скопје, стана професор на ФОН и за него не знаевме ништо до мигот кога експлодира скандалот „Пуч“, пишува Велиновска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1