Милијадерот и наследникот на успешната династија која управува со нафтеното царство, Џозеф Гети и дизјанерката Сабине Ганем склопија брак на раскошна церемонија во Рим која многу странски медиуми ја нарекоа „најекстравагнтна венчавка на годината“.
Истата титула ја добила и невообичаениот венчален фустан на 30-годишната невеста.
Странските медиуми шпекулираат дека за свадбената церемонија се потрошени 11 милиони долари. Модните стручњаци, пак расправаат за скапоцениот венчален фустан на невестата и се сложуваат дека станува збор за еден од најекстравагантните модели кои имале прилика да ги видат досега.
Сабине на својот профил на Инстаграм се пофалила дека француската модна куќа „Шиапрели“ и ги остварила најлудите соништа со ирзаботката на венчалниот фустан кој е хоут котур.
Наместо вел, дизјанерката носела плашт со качулка на кој рачно со злато бил извезен мотив со сонце. Истиот мотив се наоѓал и на веначлниот фустан и на чевлите од брендот „Олимпија“. Од модните додатоци невестата одбрала дијаматски гердан , обетки и тијара.
По венчавката се упатиле на тематска забава направена според филмот „Опасни врски“ од 1988 година чие дејствие е сместено во францускит двор во 18 век, па сите гости носеле костими инспирирани од тој временски период.