Венчавки и во порта „Македонија“ и во Музејот на македонска борба


Од почетокот на февруари, оние кои ќе се одлучат да стапат во брак, ќе можат тоа да го направат и во порта „Македонија“ и во Музејот на македонската борба.

Овие локации ќе бидат користени за склучување на бракот, независно од термините кои ќе бидат закажани, во периодот додека се изгради новиот објект, а од владејачката ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тие ќе се обезбедат нови и позитивни услови за реализација на церемонијата за склучување на брак.Porta_Makedonija

Административниот дел за постапката за склучување на брак, каде младите треба да поднесат документи за истото, ќе се одвива во посебна просторија во зградата на поранешната „Комерцијална банка“ каде исто така од 1.2.2016 ќе работи подрачното одделение на Управата за водење матични книги.

Граѓаните, пред се младите ќе добијат ново матично за склучување бракови во Скопје.

„По цели пет децении конечно граѓаните во Скопје ќе добијат нова свечена сала каде ќе се склучуваат брачните договори. Ова е значаен чин за младите кој претставува одбележување на една нова етапа во животот на човекот и ќе се одвива во високо репрезентативни просторни услови, во сала во која ќе биде чест, среќа и радост да се влезе и да се памети. Во последните десетина година над 65.000 лица на територијата на Скопје стапиле во брак“, објави во четврток претседателот на партијата, Никола Груевски, најавувајќи ги новите пет мерки наменети за подобрување на животот на младите.

Дополнително со пуштање во употреба на ново матично во Скопје, брачните парови ќе ги намалуваат своите трошоци за свадбената прослава, бидејќи голем број на двојките токму поради руинираните услови на матичната служба кои сега ги имаат го повикуваат матичарот на друга локација за што плаќаа соодветен надомест за таа услуга, тврдат од партијата на власт.

Новото матично ќе биде сместено во објектот кој веќе се гради и ќе биде во непосредна близина на плоштадот Македонија. Просторот на кој ќе биде новото матично ќе биде 762 метри квадратни, ќе има гардеробери, помошни простории, а објектот треба да биде завршен кон средината на 2017 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1