Верижен судир на 123 возила – експлодираше камион полн со ракети за огномет


Најмалку едно лице загина во верижен судир на 123 возила во американската држава Мичиген, соопшти денеска тамошната полиција.

Во соопштението се наведува дека причини за несреќата биле снегот, силниот ветер и слабата видливост.sudar

Несреќата се случила на меѓународниот пат во областа Каламаз на околу 250 километри источно од Чикаго.

Меѓународниот пат во областа Каламаз е затворен за сообраќај во двата правци.

Локалните претставници изјавиле дека во судирот има поголем број повредени лица.

Во несреќата четири камиони и два автомобили се запалиле веднаш по ударот. Снегот и замрзнатите патишта се причина за бројни сообраќајни несреќи на целата територија на Мичиген.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1