Верност или глупост, поради сопругата си ги отсекол тестисите!


Мексиканец и покажал колкав „маж“ е на својата сопруга која не сакала да спие со него.

„Или со тебе или со никоја“, најверојатно во себе си рекол во моментот кога си ги сечел тестисите. Едноставно не сакал секој ден да ја моли за малку „интимност“.

– За да не ја молам и да и досадувам секој ден за секс, решив да си ги отсечам тестисите, вели 40 годишниот Санчез.
Мексиканецот кој тамошните медиуми го именуваат само како Санчез едноставно сакал да и остане верен на својата сопруга, бидејќи како што вели тој, е добар христијанин и не сака да „брка“ други жени, па затоа решил да се откаже од својата „машкост“ и се кастрирал!
Со оглед на тоа што има кастрирано многу животни, верувал дека нема да биде многу тешко да го изведе тоа на своето тело.

Имам кастрирано свињи, мачки и кучиња, секогаш биле потребни само три дена за да закрепнат. Верував дека и јас за толку време ќе бидам како нов.
Но згрешил, работите отишле во погрешна насока. Наместо закрепнување, Санчез завршил в болница поради обилно крварење и хематом. Сега е на одделот за урологија.

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1