Верушевски бара 70.000 евра од државата за деновите во притвор


За 344 дена поминати неосновано во притвор за измислениот случај „Пуч“ со наводни странски служби и жолти комбиња, поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски бара отштета од државата по судски пат, пренесе СДК.МК.

Зоран Верушевски бара вкупно 71.000 евра за секој ден поминат во притвор.Тој во 2015 година, откако почнаа да се објавуваат бомбите, беше веднаш притворен, со обвинувања првин за неовластено поседување на службениот патем пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа.

  • „Сите се слободни, никој не одговарал до денес, а тоа на граѓаните не им дава верба да веруваат во владеење на правото во нашата држава“, рече Верушевски.

Заменикот правобранител на денешното рочиште не го оспори законскиот основ за барањето на Верушевски, туку износот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1