Верушевски е постојан играч на СДСМ, а средство секогаш му се прислушувањата


Историјата во политичките скандали се повторуува, а најизразена е во случајот на разузнавачот Верушевски. Анализата на неговото дејствување вели дека тој во минатото добро си го наплатил прислушувањето, што за себе, што за синот криминалец, пишува Алфа

Фактот дека Верушевски организирал мрежа за прислушкување и дека со незаконски стекнатите материјали уценувал политичари – освен изказите на Љупчо Георгиевски и Мирка Велиновска кои сведочат дека ним лично им презентирал дел од тие материјали, го потврдуваат и други настани и постапки кои јавноста ги памети. Имено Верушевски во моментот кога се чуствуваше загрозен, во периодот кога неговиот син беше притворен под притисок на јавноста поради бројните прекрушавања на Законот, изнесе закани дека ќе проговори, по што експресно беше сместен во димпломатски води во амбасадата во Рим. Вака, Бранко Црвенковски и СДСМ си купија мир за  валканите работи да не излезат на површина, а Верушевски го доби посакуваното.   verusevskiskype500
Информациите велат дека тој настапил со уцените поради две причини: Првото е што не е поставен за министер за внатрешни работи по победата на СДСМ на изборите од 2002 година, иако тоа му било ветено. Доказ за тоа се снимки кои деновиве ги спомнува Мирка Велиновска – видео снимки кои Верушевски тајно ги снимал дома кај Хари Костов, на негова семејна слава, и разговори околу поделба на власта и ресорите. Вториот мотив на Верушевски се обвиненијата за обид за убиство, изнуда, пукање, газење човек за кој под притисок на јавноста требаше да одговара неговиот син.
Како последно во низата тешки кривични дела беше пукањето и обидот за убиство извршени од Александар Верушевски во јули 2005-та година во Струга, по што е уапсен и одредена му е мерка притвор. Неговиот татко Зоран Верушевски имал и средба со јавниот обвинител Александар Прчески, која е снимена од новинари но, во обвинителството нема никаква трага дека таа средба воопшто постои, ниту за содржината на разговорите. zoran verusevski2
По судењето на неговиот син во 2006 година, Зоран Верушевски изјави и се закани дека ќе проговори, ќе објави материјали кои ќе предизвикаат силни немири, хаос по улиците и граѓанска војна, идентично како што и направи во комуникацијата со еден од осмничените од “Пуч” говореја за почеток на граѓанска војна.
Зоран Верушевски не ги оствари заканите во 2006та, и го доби она што го бараше. Истата година по предлог на еден од првите соработници на Црвенковски, шефот на агецијата за разузнавање Лазе Китановски, Зоран Верушевски е поставен за советник во македонската амбасада во Рим, Италија. Во октомври 2007 година тогашниот претседател Бранко Црвенковски донесе одлука за помилување на Алексанадар Верушевски. Одлуката ја донесе иако против таквата одлука беше Министерството за правда, а против беше и управата на затворот во Битола каде тој ја издржувал казната.
Но, тука не запираат неговите проблеми. На 19 јануари 2012 година во Струга се случува тежок инцидент. Во тепачка и престрелка со пукање при што се ранети две лица учествувал и Александар Верушевски, а МВР против него и две други лица поднесува кривична пријава за насилство и обид за убиство. При претресот на стан на Верушевски во Струга, пронајдени се оружје, 500 таблети екстази и дрога.
Кога во 1998 година СДСМ ја загуби власта, Зоран Верушевски го напушти МВР и местото професор на факултетот за безбедност, зема 24 плати и 10.000 евра но, во 2002 се врати на функција, а парите од отпремнината и двата државни стана ги задржа. По новиот пораз на СДСМ на изборите замина кај Фијат Цаноски, и стана професор на факултетот за безбедност на ФОН.
Постојаното толерирање на Верушевски од страна на СДСМ говори дека Зоран Верушевски има посебни заслуги за СДСМ и дека тој практично и никогаш не престанал со снимање. Аферата “Големо Уво” која му помогна на Црвенковски да дојде на власт опфаќаше период од 98 до 2001 година, во кој се снимени разговори на новинари, медиумски работници, политичари.
И Мирка Велиновска и Љубчо Георгиевски кажуваат дека снимањето продолжило и такви материјали постоеле и во периодот што следи. Очигледно е дека Верушевски секогаш игра на страната на СДСМ. Ваквата игра сакал да ја продолжи, но не му успеа со актуелните случувања и тој беше фатен заедно со неговата агентурна мрежа.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1