Верувале или не: Шеик бара 60 жени на кои ќе им плаќа да одат на шопинг


Многу богат шеик од Дубаи нуди работа од соништата за 60-тина млади, атрактивни и модно освестени жени, кои имаат дарба за – шопинг.

Имено, кандидатките треба да ги придружуваат и да им помагаат при купување на неговите сопруги и деца. Огласот бил објавен во Италија и тоа токму на 1-ви април, заради што многумина го сфатиле како првоаприлска шега.

soping1Но, компанијата што го објави огласот инсистира дека се работи за сериозна понуда за работа, а избрал огласот да го објави токму во Италија затоа што тамошните жени имале „исклучителна смисла за мода“. Освен ова, во огласот од кандидатките се барало да се на возраст меѓу 18 и 28 години, да се згодни, да знаат англиски јазик, додека познавање на француски или арапски ќе се смета за предност.

Оние што ќе ги исполнат критериумите ќе треба да поминат и испит пред жири составено од стилисти, лични купувачи и адвокати (за да се обезбеди дека се е според законот). Доколку бидат избрани нивната плата ќе изнесува 100 евра на ден, а обврска ќе им биде да го придружуваат шеикот и неговото семејство на патување низ Европа и да се грижат за изгледот на сопругите и децата на моќниот милијардер од Дубаи.

Во огласот не се наведува за кој шеик станува збор. Медиумите најпрвин објавија дека се работи за шеикот Мохамед бин Рашид Ал-Мактум, владател на Дубаи и потпретседател на Обединетите Арапски Емирати, но подоцна по кабинетот на шеикот Ал-Мактум ја демантираше информацијата дека стои зад огласот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1