Вештери од секта 30 год силувале девојчиња – конечно се на суд


Британеците Питер Петрауск (72) и Џек Кемп (69) се обвинети пред судот во англискиот град Труро, дека како членови на паганските секти „Бели вештери“ силувале девојчиња од трета до 15 годишна возраст.

Кемп и Петрауске повеќе од три децении сексуално злоупотребувале малолетнички кои по мачењето им давале слатки и по пет фунти за да не говорат на никого за инцидентот. Тужителот Џејсон Бил тврди дека Питер и Џек од средината на седумдесетите години од минатиот век во паганските ритуали користеле каиши, ножеви и истопени восоци, а несреќните девојчиња ги опивале со алкохол, по што ги силувале.

„Една од жртвите изјавила дека ја натерале да пие алкохол. Кога се напила, ја натерале да се соблече гола, а потоа ја снимале со камера како игра пред собраните членови на сектата. По тоа ја врзале за стол и сексуално ја злоупотребиле. На крајот и дале кеса со слатки и пет фунти“, изјавил обвинителот Бил.

Втората жртва,објаснила полицијата, како обвинетите дури три пати ја мачеле и силувале.
„Ме однесоа во една куќа во која ме натераа да испијам две чаши алкохол. Во една прилика ме врзаа за стол и ми ставија превез околу очите. Преку моето тело ме гребеа со ножеви и пееја некакв молитви. На крајот ме силуваа. Беа околу десетина луѓе облечени во некакви наметки со капи, а меѓу нив стоеја и обвинетите Питер и Џек“, изјавила една од жртвите.

Британската полиција ја предупреди јавноста особено родителите на малите деца, да се чуваат од паганските секти како од вештерки. Имено се работи за луѓе кои сакаат да ги искористат младите луѓе за свои себични цели, кои неретко завршуваат со сексуално злоставување.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1