Богаташ преравен во Дедо Мраз им делел 100,000 долари на минувачи


Човек преправен во Дедо Мраз во Њујорк и Њу Џерси поделил 100,000 долари, на луѓе чии домови биле целосно уништени за време на олујата Сенди.

Тајниот Дедо Мраз од Њујорк не сакал да му се дознае името, ниту пак сакал да се фотографира за медиумите, но вели дека не е се во парите, туку сакал да ги поттикне луѓето да прават добри дела.

Луѓето прво не верувале –
„Но ова не се вистински пари“, изјавила Карло Хефти (72) која отишла по храна во центарот за помош на жртвите. Кога сватила дека парите, сепак се вистински почнала да плаче и го прегрнала таинствениот Дедо Мраз.

Инаку агенти на ФБИ како и полиајците тајно го прателе. Непознатиот бизнисмен од Канзас, оваа традиција ја преземал од пријателот Лери Стјуарт, кој до својата смрт во 2007 година, поделил преку милион долари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1