Вевчани подготвено за карневалот


Зетот, невестата, двата ѓавола и двајцата глупи августи, како и останатите маски инспирирани од случувањата во изминатата 2015 година, во среда на 13 јануари во 14 часот традиционално ќе продефилираат низ улиците на Вевчани во рамки на годинашното издание на Вевчанскиот карневалvevcani

На 12 јануари во 21 часот ќе почне музичкиот дел од програмата со настап на Слатакристика, С.А.Р.С. и Брас Брадерс, на 13 јануари е свеченото отворање на карневалот и дефилето на маски, а вечерта настапуваат Есма Реџепова и Наум Петрески, како и групите Инфузија и Перо Бели. На полноќ ќе има петминутен огномет со кој ќе се означи доаѓањето на Новата година по Јулијанскиот календар. Последниот ден на 14 јануари утрината е традиционалното одење на вода на Вевчанските извори, а  на пладне завршува манифестацијата со василичарското оро и палењето на маските.

Вевчанци,  до последниот момент нема да ви кажат во што ќе се маскираат. Маските се држат во тајност и можат да се видат дури на дефилето на 13 јануари.

Вевчанскиот карневал е спој на паганството и христијанството и има традиција од над 1.400 години. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот календар. Паганскиот дел, маскирањето и палењето на маските, пак, се за да се заштитат од лошите духови.  Се смета за една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во Македонија. Од 1993 година Вевчанскиот карневал и Вевчани се членови на ФЕЦЦ – Асоцијација на светските карневалски градови.

За карневалот се објавени четири монографии, а лани го следеше и екипа на Би-Би-Си која сними документарен филм  и го оцени како најдобар пагански карневал во светот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1