Вежбале спасување – паднал чамецот, загинале 5 лица


Пет лица загинаа, а три се повредени откако еден патнички брод го откачил чамецот за спасување и паднал во морето на Канарските острови, а несреќата се случила за време на редовна вежба на членовите на екипажот, наведуваат официјалните лица во шпанските медиуми.


Tan2012-5-12_1141605_1Несреќата се случила во близина на пристаништето Санта Круз во Ла Палма, а спасувачките служби добиле повик да интервенираат, откако чамецот во кој имало повеќе луѓе се откачил од бродот кој носел британско знаме.

Според соопштението на регионалните власти, националностите и полот на загинатите засега не се познати, а сите повредени се мажи во триесетите години, од кој еден е Грк. Нивните повреди, како што е пренесено, не се опасни по живот.
Според соопштението на фирмата за крстарење „Томсон крузис“, несреќата се случила на нејзиниот брод „Томас маџести“, во близина на пристаништето Ла Палма на Канарските острови. Не е познато дали во моментот на несреќата на бродот имало патници.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1