Корисниците се жалат дека денеска имаат проблем со Вибер. Не можат да разменуваат пораки ниту да реализираат повици.
Проблемот го призна и компанијата од каде велат дека прават се за негово брзо отстранување, но кога проблемот ќе биде решен, не се знае. На нивниот сајт само стои порака дека имаат проблем на кој се работи и ги замолуваат корисниците за трпение.
ОБНОВЕНО
По паниката и падот на сервисот повеќе од 2 часа – Вибер е повторно во функција. Сепак повеќе од 105 милиони корисници се нервозни што ова се почесто се случува и е зачестено во последно време сервисот да не е достапен по неколку часа.