ВИДЕО: 10 специјалци на РОСУ апсат еден Србин


Во Северна Митровица утринава во 06:10 часот се огласиле сирени по повод упадот нба специјалните албански сили РОСУ на северот од Косово.

Специјалците на РОСУ во три колони вооружени со долги цевки утринава уапсила најмалку 6 лица, а потоа стигнала вест, која во Собранието ја потврдил и претседателот Вучиќ, дека во утринската акција досега се уапсени дури 23 припадници од српска и бошњачка националност.

Приштинските медиуми објавиле снимка од апсењето на улица.


Тензична е ситуацијата во Косово во општините каде живее српско население, јавуваат медиуми, а дел од нив објавија и видеа од акцијата на косовската полиција. Медиумите јавуваат и дека се слушале истрели, а оти има и ранети.

Официјална потврда дека има ранети нема од никого, засега медиумите се повикуваат на неофицијални информации и извори од полицијата.

Акцијата се спроведува во Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица, Србица и Глоговац, а полицијата официјално соопшт дека се уапсени неколку граѓани и неколку полициски службеници од различни националности – Албанци, Срби и Бошњаци.

Командантот на Меѓународните сили на Косово (КФОР), италијанскиот генерал Лоренцо Д’Адари, пак, ги повика косовските граѓани да останат мирни, порачувајќи им дека нема од што да се плашат.

Во врска со денешната полициска акција во која се уапсени повеќе лица под обвинение за организиран криминал и корупција, Д’Адари апелираше до „сите страни во Косово“ да ги решаваат споровите мирно и одговорно и без употреба на сила и насилство.

КФОР во соопштение нагласува дека косовската полиција спроведува полициска операција на целата територија на Косово врз основа на налози за апсење издадени од страна на Суд во Приштина во рамки на истрага поврзана со корупција.

„КФОР потврдува дека ова е само полициска операција и дека Косовските безбедносни сили или кои било други воени сили не се распоредени на северот на Косово“, се наведува во соопштението на Меѓународните сили.

КФОР нагласува дека продолжува да ја следи состојбата и дека е подготвен да интервенира доколку биде потребно, со цел „да се гарантира безбедноста на сите заедници врз основа на неговиот мандат во согласност со Резолуцијата 1244 во Советот за безбедност на ОН“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1