Девојчето (15) беше пронајдено обесено во училишниот тоалет. Полицијата верува дека станува збор за самоубиство. Телото на талентираната музичарка Малика Соер било пронајдено со јаже врзано околу вратот. Вработените во академијата Харис Гринич во југоисточниот дел на Лондон, очајнички се обидуваа да го спасат девојчето пред доаѓањето на брзата помош, но после два часа лекарите во болницата прогласја смрт.
Наставници ја опишаа како многу талентирана и надарена ученичка.
„Тажно е што нема да има можност да го исполни својот потенцијал“, изјавил портпаролот на училиштето.
Многу пријатели на девојчето на Фејсбук и оставаат пораки во кои тагуваат по неа.
„Те сакам, мој ангелу. Не можам да поверувам дека те нема, вчера заедно се смеевме – напишала Михаела Брук на социјалната мрежа.
Полицијата соопшти дека смртта на девојчето не се третира како сомнителна.
Денешен