Видео +18 : Трагедија – Пожар во дискотека, загинаа над 200 студенти


pozar diskoВо пожар во дискотека во Санта Марија, во државата Рио Гранде ду Сул – најјужниот дел на Бразил, загинаа над 200 лица, почицијата се уште ги пребројува телата.

Пожарот избувнал во популарна дискотека додека таму се одржувала студентска забава на која присуствувале над 2.000 млади.

Пожарот избувнал од пиротехничките средства кои ги користел бендот при својот настап.

brazil diskoПожарот брзо се проширил низ целата дискотека, а според очевидците настанала таква паника што луѓето се газеле меѓу себе во обид да излезат од дискотеката.

Најголем број од жртвите загинале од задушување или во стампедото кое било предизвикано поради паниката.

Досега од опожарената дискотека биле извадени телата на 159 луѓе кои загинаа во пожарот, но од полицијата велат дека бројот на жртвите може да расте. Има многу и повредени.

Телевизијата РТ излезе со фотографии од местото снимени веднаш по пожарот на кое се гледаат тела на студенти повредени и починати како и оние кои бараат помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1