ВИДЕО: 4 та бомба на Заев: Повеќе од 100 новинари таргет на УБК


Повеќе од 100 новинари во Македонија се прислушувани, изјави денеска на прес конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– И новинарите од провладините медиуми и професионалните новинари кои критички ги опсервираат состојбите во Македонија. Како власта директно владее и управува со медиумите. Знам дека и од овие материјали вистината за Македонија е тешка, болна и несфатлива на обичниот човек – рече Заев.

На прашањето дали материјалите што денеска беа доставени до новинарите, се единствените копии и немате други копии, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговори:zaev sdsm

– Има кај Сашо Мијалков. Ако го гледате црвенилото во моите очи, тоа е работење до наутро. Зошто? Заради вниманието на сериозноста и ненавлегувањето во личниот аспект на сите овие разговори. Сето она кое што ќе го обработуваме во периодот којшто следува, а некој новинар има интерес да го добие, секако, доколку е мета на прислушување, ќе му биде доставено.

– Без налог е правено. По нашите закони, 4 месеци се добива од судот решение за воспоставување ПИМ мерки за следење на комуникациите. Нашиот закон, Кривичниот закон, вели дека, во екстремни случаи, кога не знам како е загрозен интегритетот и опстојувањето на државата, е возможно да се дојде до 14 месеци. Огромен број од овие над 100 новинари кои се следени, се следени со години, повеќе од две, од три, најверојатно некои и од 4 години, како што е Никола Младенов и неколку други новинари. Апсолутно, не постои можност, ниту суд, ниту кој било претставник на правосудните институции, да даде решение, дури и да сака, законот тоа не го дозволува, и во таков случај тоа решение би било ништовно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1