МВР: Хартиите со кои манипулираше Заев се најобична лага, а не документи на УБК


Хартиите со кои денеска манипулираше четвртоосмничениот Зоран Заев се најобична лага, а не документи на Управата за безбедност и контраразузнавање, се вели во реакцијата од Министерството за внатрешни работи.mvr

-Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш ниту незаконски следеле ниту правеле анализи на новинари. Во целост сме ги почитувале Уставот и Законите на Република Македонија и сме работеле согласно истите. Најостро ги демантираме сите изнесени клевети и конструкции објавени денеска од страна на четвртоосомничениот Зоран Заев. Истиот се товари за најтешки дела против државата и граѓаните и во судска постапка по Опертивната обработка “Пуч” согласно Законот ќе добие можност да ја даде својата одбрана за материјалите за кои изјави дека му биле дадени од странска служба, се вели во соопштението на МВР.

Од Министерството велат дека со денешната пресуда започнала разврската во акцијата “Пуч”, додавајќи дека се поочигледно станува дека четвртоосмничениот Зоран Заев почнал да се губи и да тоне обидувајќи се да исконструира се поголеми лаги.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1