Пратеникот Амди Бајрам денеска бил нападнат во Градскиот трговски центар во Скопје, по што како што вели во изјава за Канал 5 завршил во болница.
Од МВР го потврдија настанот, а медиумите јавија дека напаѓачот е уапсен.
Пратеникот тврди дека бил нападнат од обезбедувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.