Инцидентот се случил во вторникот, а генералот веќе следниот ден бил на работа.
На генералот наеднаш му се слошило, а на помош му притрчала заменичката во воздухопловните сили задолжена за буџетот, Керолајн Глисон, која ја продолжила прес конференцијата.
-Еве што ви прави F – 35,изјавила таа.
Кога му станало малку подобро генералот се пошегувал дека му се слошило кога го видел буџетот од 120 милијарди долари!
По проверките е утврдено дека се работело само за настинка.