Анџелина Џоли во Камбоџа, заедно со своите шест деца, готвеше пајаци, скорпии и други бубачки, а потоа заедно со децата покажуваше како се јадат.
Во видеото се појавува и водителката која претходно ѝ правеше интервју, во коешто и постави прашање за разводот со Бред Пит.
Започнувате со штурци. Штурци и пиво, а потоа преминувате на тарантули – вели познатата актерка.
Славната актерка, исто така, раскажува за тоа дека првпат пробала штурци токму во Камбоџа за време на нејзината прва посета, а потоа пробала и пострашни специјалитети.