Видео: Апликација која открива со кого сте во сродство


Тројца студенти направиле апликација која со аларм ве огласува доколку сте во сродство со некоја личност.

Во релативно мала земја како Исланд, каде речиси секој со секого е далечен роднина, нормалните животни работи, како стапувањето во брак носат големи ризици.

smart-phoneВо држава со само 320 илјади жители е неизбежно дека ќе налетате на некој со кој сте во сродство и тоа можеби многу блиско сродство. Но, колку блиску сакате да и пријдете на таа личност?

Тројца студенти направиле апликација која со аларм ве огласува доколку сте во сродство со другата личност.

Баш е забавно да видите во какво сродство сте со другите луѓе. На пример, кога ќе запознаете нов пријател и ќе дознаете дека сте роднини. Тоа е интересен факт, вели Хакон Трастар Бјорнсон, еден од тројцата создавачи на оваа апликација.

База на податоци стара 1.200 години

Кога ќе го запишете бројот еден на друг, апликацијата ја активира базата со податоци за жителите на Исланд и нивните семејни стебла кои датираат 1.200 години…

nema-snimanja-iPhone-AppleОваа база ја развила исландската биотехничка компанија. Нејзиниот потенцијал е голем.

Ова е само првиот чекор на патот луѓето, преку „смартфон“ да имаат пристап, не само до генетското потекло, туку и до здравствената историја. Ова е начин на кој во иднина ќе пристапуваме до различни бази со податоци.

На Исланд ова е начин да се избегнат бракови меѓу личности кои се во сродство, а воопшто не знаат за тоа, проблем кој во оваа држава трае стотици години.

Извор – Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1