Првите 20 милиони евра за иградбата на новиот проект ,,Белград на вода” се уплатени и до крајот на сепмтеври почнува изградбата.
Инвеститор на проектот е Мухамед Ал Абар од Обединети Арапски Емирати кој ќе издвои 2,5 милијарди евра за изградбата.
Тој ќе гради кула висока 180 метри и голем трговски центар на десната страна на реката Сава.
На ова место ќе има и две резиденцијални кули со околу 320 станови за службена или комерцијална намена.
На површината од еден и пол милиони квадратни метри ќе има и шеталишта, патишта и булевари.
Инвеститорот убедува дека овај дел ќе биде најважниот од градот и треба да се прогласи за зона од посебен интерес за Србија.