Автобус експлодираше во центарот на Истанбул, во близина на комплексот Топкапи, објави весникот „Дејли Сабах“.
Весникот наведува дека при експлозијата нема жртви, додавајќи дека станувало збор за неисправен автобус кој се движел кон сервис поради поправка.
Засега нема официјална потврда за причините за инцидентот, но според „Дејли Сабах“, експлозијата најверојатно настанала во неисправниот мотор на автобусот и не претставува акт на тероризам.
По серијата терористички напади во Турција во последниве неколку месеци, во земјата владее тензична атмосфера и се воведени засилени безбедносни мерки, а секој инцидент предизвикува паника кај населението.