Џери Канингем (14) претрпел сериозни повреди, кога бил удрен од автобус. Несреќата се случила пред очите на неговата мајка, која не можела да му помогне.
Вратата од автобусот ја прикрештила раката на момчето, нешто кое што возачот не го приметил. Тој продолжил со возењето, додека момчето беспомошно трчало по автобусот неколку метри, по што завршило под тркалото.
Снимката покажува дека патниците се обидувале да му го привлечат вниманието на возачот, за да го сопре возилото, само неколку секунди пред момчето да биде прегазено. Кога застанал, патниците излегле за да му помогнат на повредениот.
Роналдо Сото (55) кој се наоѓал зад воланот во моментот на несреќата, бил суспендиран од работното место по 11 години служба.
Повредите на момчето биле критични, а била формирана и специјална комисија, за да ги утврди причините за несреќата.