Синче мое убаво многу те сакам за тебе ќе се борам до крај“. Ова се зборовите на 25 годишната Билјана, мајка на бебето Лука од Свети Николе. Лука има само две недели, но собата во која моментално спие е студена, бидејќи семејството нема дрва за да ја запали печката, обвјави телевизијата ТВ 21 во потресната приказна од нивниот дом.
Неговото шише со млеко, екипата на ТВ 21 го затекнала полу-празно, затоа што родителите немаат пари да купат. Мајката Билјана е загрижена за здравјето на нејзиното бебе. Таа вели дека социјалната помош од 1200 денари не стасува за ништо.
Целата сторија на ТВ 21, ОВДЕ.