Благодатниот Свет оган чудесно слезе на Велика Сабота во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, во храмот на Светиот гроб во Ерусалим, а патријархот Ерусалимски Теофил Трети и годинава им го предаде на насобраните верници, кои веруваат дека кога огнот нема да се појава ќе биде означен крајот на времето.
Светиот оган ја симболизира чудесната светлина на Воскресението Христово, за што зборува уште апостол Павле и се смета за најголемата светиња за верниците. Неговото појавување во пресрет на Велигден со молитвите на православниот патријарх, свештенството и илјадници аџии, без разлика на регуларноста, се нарекува „чудото на Светиот оган“.а патријархот Ерусалимски Теофил Трети им го предаде на насобраните верници.
Според традицијата, сите свеќи и светилки во црквата претходно биле згаснати. Огнот се појавил по молитвите за чудо на ерусалимскиот патријарх Теофил III, а илјадници верници во саботата пред Велигден го исполниле храмот на Светиот Гроб, црквата којашто всушност е низа од споени простории коишто наликуваат на спили, но богато украсени, со скалила коишто водата до галеријата и исчезнуваат од видикот во темнината, просторот пред него и околните улици.
Огнот се појавил, како и во претходните години, во Кувуклисот – параклисот во внатрешноста на црквата на Светиот Гроб, по камената ложа, на која на Велика сабота е поставено погребеното тело на Христос. Таму, според вековниот ритуал, се моли за слегувањето на Светиот оган православен патријарх. Според древната церемонија, во предниот дел на Кувуклисот одеждата на патријархот Теофил Трети и самата капела се внимателно испитани за присуство на никакви вештачки средства за добивање оган.
Како и секоја година, во пресрет на очекуваниот Велигден чудото се случи, Патријархот на Ерусалим им го предаде огнот на верниците, коишто потоа Светиот оган го разнесуваат по светот.